Aмериканскиот државен секретар, Мајк Помпео, соопшти дека САД се подготвени да доделат 100 милиони долари помош на Кина и другите земји зафатени од корона вирусот.
– Оваа обврска, покрај стотиците милиони долари широкограда помош донирана од американскиот приватен сектор, го демонстрира силното лидерство на САД во одговор на епидемијата – истакнува Помпео.
Државниот секретар додаде дека владиниот ангажман за ова ќе се реализира преку постоечките фондови, како директно така и преку армиските организации.
Претходно и фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс се обврза да донира 100 милиони долари во исражувања за вакцина и лечење на корона вирусот.
Со оваа сума се намирува дел од 675 милиони долари што Светската здравствена организација ги бара од земјите за борба со болеста и спречување на нејзино ширење.
Според најновите информации од вирусот што се појави во Кина, тој е сличен на болеста САРС, а досега од него починале најмалку 638 лица, додека повеќе од 31 илјада се заразени. Најголeм дел од заразените се во Кина.
Корона вирусот е од истото семејство на смртоносни вируси како САРС (кратенка од „остар акутен респираторен синдром“) од кој во 2003 година беа заразени околу 8 илјади лица, а починаа 774.