Американската армија објави дека успешно го тестирала главниот модифициран систем за одбрана од нуклеарни проектили и дека успешно може да уништи балистички проектили од среден дострел од земјите како Северна Кореја.
Системот Aegis кој е користен во најновото тестирање бил опремен со проектил за пресретнување Standard Missile 3 Block IIA. Директорот на американската Агенција за одбрана од проектили , генералот Сем Гривс изјави дека направениот тест е од исклучителна важност.
За време на тестирањето американскиот воен авион Ц-17 лансираше над Тихиот океан проектил со среден до голем дострел , додека проектилот – пресретнувач бил лансиран од Хаваи.
Се очекува исти вакви системи да бидат дел од опреамата на американските бази во Полска и Романија.