Свет 19. август 2019. / 21:17

САД тестира забранета ракета

САД тестира забранета ракета

Американската армија тестираше конвенционална крстосувачка ракета земја -воздух, која беше забранета со Договорот за забрана на ракети со среден и мал дострел (ИНФ). Како што соопшти Пентагон, ракетата е тестирана во неделата од островот Сан Николас во Калифорнија и прецизно погоди мета по 500 километри лет.

Тестираната ракета може да носи конвенционални, но и нуклеарни боеви глави. САД се повлекоа од Договорот ИНФ со Русија, откако со години ја обвинуваа Москва за негово кршење со распоредувањето на руски ракети ССЦ-8, кои можат да носат нуклеарно полнење.

По повлекувањето на САД и Русија се повлече од ИНФ. Со тоа не важи Договорот за контрола на вооружувањето, со кој беше забрането развивање на ракети земја – воздух со дострел од 500 до 5.500 километри.