Светската здравствена организација (СЗО) не смее да и дозволува на кинеската влада да крие или менува какви било податоци за почетокот на пандемијата со Ковид-19 во Вухан, изјави во саботата советникот за национална безбедност на Соединетите држави, Џејк Саливан.
Саливан додаде дека САД се „длабоко загрижени“ во врска со квалитетот на податоците собрани од СЗО и истакна дека Кина мора да ги стави на располагање своите податоци од најраните денови на избувнувањето на пандемијата.
-За подобро разбирање на оваа пандемија и подготвување за следната, Кина мора да ги стави на располагање своите податоци од првите денови на избувнувањето на вирусот. Одејќи напред, сите земји, вклучително и Кина, треба да учествуваат во транспарентен и силен процес во спречувањето и ширењето на ковид-19 – така што светот ќе научи што е можно побрзо, изјави тој.

Претхнодно, Кина одби да и ги отстапи необработените податоци од почетокот на пандемијата на Светската здравствена организација, изјави членот на тимот на СЗО кој го испитуваше потекото на Ковид-19 во Вухан, Доминик Двајер.
Тој истакна дека тимот на СЗО ги барал необработените податци на 174 пациенти, кои меѓу прите се заразиле со Ковид-19 во Вухан во декември 2019 година, но ги добиле само заклучоците.
Австралискиот имунолог истакна дека податоците кои СЗО ги барала се анонимни, но оти содржат детали како прашања и одговори од пациентите, како и нивна анализа.
– Тоа е стандардна пракса кога се почнува истрага за зараза, посочи Двајер по вражањето во Сиднеј и во моментот е во карантин.
Тој додаде дека пристапот до таквите податоци е од големо значење, бидејќи се само половина од 174 случаи поврзани со пазарот Хуанан во Вухан, каде прво е откриен Ковид-19.