Свет 13. септември 2019. / 20:57

САД со санкции против хакерски групи од Северна Кореја

САД со санкции против хакерски групи од Северна Кореја

Американското Министерство за финансии соопшти дека вовело санкции против три севернокорејски хакерски групи кои наводно биле вмешани во напади и учествувале во „Вонакрај“ (WannaCry) нападот за откуп на средства и хакирање на меѓународни банки и сметки на клиенти.

Санкции се воведени против Лазарус груп, Блунорф и Андариел кои, како што наведува американското Министерство за финансии, ги контролира РГБ, севернокорејско разузнавачко биро, кое е веќе под санкции на САД и ОН.

Блокирани се сите средства на групите и забранета е работа со нив.