Свет 25. август 2018. / 21:06

САД силно ја искритикува ЕУ за испраќањето помош за Иран

САД силно ја искритикува ЕУ за испраќањето помош за Иран

Одлуката на Европската Унија на Иран да му додели 20,7 милиони долари помош испраќа погрешна порака во погрешно време, рече американскиот специјален претставник за Иран, Брајан Хук.

ЕУ донесе одлука на Иран да му исплати 20,7 милиони долари за помош во борбата против ефектите од американските санкции и спасување на нуклеарниот договор од 2015 година.

„Народот на Иран е соочен со многу реални економски притисоци, кои ги предизвика корупцијата во нивната влада, лошото раководење и длабоката вмешаност во тероризмот и странските конфликти. САД и ЕУ треба да работат заедно за да најдат трајни решенија, кои навистина ги поддржува народот на Иран и кои ќе им стават крај на заканите на овој режим врз регионалната и глобалната стабилност”, рече Хук, пренесе Ројтерс.

САД во мај оваа година се повлекоа од овој договор, кој ги ограничи нуклеарните „амбиции” на Техеран.

ЕУ досега исплати 20,7 од планираните 58 милиони долари наменети за Иран, кој се закани дека ќе престане да се придржува до нуклеарниот договор ако не добие економска помош поради санкциите.