Свет 23. јануари 2021. / 12:09

САД: Сенатот го потврди Лојд Остин, првиот афроамериканец на чело на Пентагон

САД: Сенатот го потврди Лојд Остин, првиот афроамериканец на чело на Пентагон

Вчера американскиот Сенат прифати дека кандидатот на претседателот Џо Бајден, пензионираниот генерал Лојд Остин, ќе биде министер за одбрана. Тој е првиот Афроамериканец на таа позиција.

Лојд беше изгласан со 93:2 во сточлениот Сенат, што е многу повеќе од потребното просто мнозинство.

Пратеници од обете партии рекоа дека им е драго што Остин ќе биде назначен за шеф на Пентагон, само два дена по заклетвата на Бајден.

Сенаторот Џек Рид, иден демократски претседател на сенатскиот Комитет за оружени служби, оцени дека земјата се соочува со широк спектар предизвици – вклучително и пандемијата на коронавирусот и ривалството со Кина и Русија.

– Генералот Остин е исклучително квалификуван лидер со долга и истакната кариера во американската војска, рече Рид пред гласањето.