Еден американски функционер за Си-ен-ен рекол дека се планира „целосно“ и „брзо“ повлекување.
Претседателот Доналд Трамп, пак, во исто време на Твитер објави дека групата ИСИС е поразена во Сирија и дека тоа било неговата „единствена причина да се биде таму“.
Околу 2.000 војници помогнаа да се исчисти поголем дел од североисточна Сирија на ИСИС, но остануваат малите групи терористи.
Се мислеше дека американските одбранбени функционери сакаат да останат за да се осигурат дека милитантната група не може да ги обнови борбите, вели Би-би-си.