Свет 17. април 2018. / 16:11

САД: Русија се обидува да ја комплицира истрагата во Сирија

САД: Русија се обидува да ја комплицира истрагата во Сирија
Илустрација

Истражителите од Организацијата за забрана на хемиското оружје во саботата пристигнаа во Сирија, но не можеа да започнат со работа

Стејт департментот соопшти дека Русија се обидела да ја блокира меѓународната истрага за наводниот напад со хемиско оружје во Сирија „правејќи ја покомплицирана.“

„Тие најверојатно го прават тоа затоа што знаат дека колку подолго локацијата е непроверена, поголема е веројатноста дека елементите и хемикалиите можат да исчезнат”, изјави за телевизијата „Алхура“ портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нуерт.

Истражителите од Организацијата за забрана на хемиското оружје во саботата пристигнаа во Сирија, но не можеа да започнат со работа.

Руски официјален претставник вели дека тимот на Организацијата утре треба да посети област источно од Дамаск.

Русија за одложувањето ги обвини воздушните напади врз трите објекти за хемиско оружје што во саботата ги извршија САД, Франција и Велика Британија.