САД се подготвени да инјектираат околу 4.000 милјарди американски долари во својот финансиски систем поради пандемијата на корона вирус, изјави министерот за финансии Стивен Мнучин за „Фокс Бизнис“.
Според Мнучин, американските власти во моментов се консултираат со законодавците за пакет мерки што треба да ја стимулираат американската економија во време на криза. Говорејќи за еден од елементите на помошта, Мнучин изјави: „Во соработка со Федералните резерви, ќе имаме 4.000 милјарди долари што можат да се искористат за поддршка на економијата“.
-Можеме да пренасочиме до 4.000 милијарди американски долари за да им помогнеме на сите, од мали до големи бизниси, да издржат 90 до 120 дена, додаде Мнучин и потенцираше дека во моментов треба да се внесуваат пари во економијата.
Според универзитетот Џон Хопкинс, повеќе од 26.700 луѓе се заразени во САД со корона вируси, од кои најмалку 340 починале. Скоро половина од заразените се во државата Њујорк – повеќе од 12,000 луѓе.