Свет 12. декември 2019. / 10:16

САД подготвени на флексибилност во преговорите со Северна Кореја, но и Пјонгјанг да се воздржи од провокации

САД подготвени на флексибилност во преговорите со Северна Кореја, но и Пјонгјанг да се воздржи од провокации

Aмериканската амбасадорка во ОН, Кели Крафт, изјави дека САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од нуклеарната и ракетна програма, но и дека Пјонгјанг мора да биде поангажиран и да избегнува провокации.

– Ние не баравме од Северна Кореја да направи се пред ние да направиме да нешто – изјави Крафт на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја.

Крафт додаде дека САД се подготвени да бидат флексибилни, но тие не можат сами да го решат овој проблем и оти Северна Кореја мора да се ангажира во тој процес.

Крафт исто така рече дека Советот за безбедност мора да биде подготвен да одговори на какви било провокации од страна на таа земја.

Советот за безбедност се состана на барање на САД во време кога расте меѓународната загриженост дека Пјонгјанг, поради застојот во преговорите за денуклеаризација меѓу Северна Кореја и САД, би можел да продолжи со нуклеарни и проби на ракети со долг дострел кои беа прекинати од 2017 година.