Свет 10. мај 2020. / 23:49

САД одобрија нов револуционерен тест за антитела на коронавирус

САД одобрија нов револуционерен тест за антитела на коронавирус

Американската Агенција за храна и лекови при Министерството за здравство одобри користење на нов тест за откривање антитела за корона вирусот.

Тестот е разработен од американската компанија Квидел (Quidel) и покажува резултати за неколку минути откако ќе се земе примерок од носната слузница.

Овој тест на антитела е третиот одобрен од американските здравствени власти. За разлика од другите тестови, примерокот можат да го земаат и лица кои не се стручни и е лесен за користење во активната фаза на болеста.

Дебора Биркс, координаторка на Белата куќа во борбата против ширењето на корона вирусот го оквалификува тестот како „вистински пробив во вирусологијата“.