Свет 04. март 2020. / 22:23

САД одобрија 8,3 милијарди долари помош за борба со корона вирусот

САД одобрија 8,3 милијарди долари помош за борба со корона вирусот

Конгресните лидери во Претставничкиот дом од двете партии склучија договор да одобрат 8,3 милијарди долари итна помош за борба со корона вирусот, објави „Њујорк тајмс“.

Надпартискот пакет мерки за борба со корона вирусот е во износ од 7,8 милијарди долари и е наменет за државните институции и агенции кои се задолжени за сузбивање на вирусот.

Пакетот беше одобрен после интензивни дискусии во Конгресот и е неколкупати поголем од сумата што Белата куќа ја побара при крајот на февруари.

Мерките предвидуваат и пари за здравствените установи да одат во домашна посета на постарите и болни пациенти кои се од групата со висок ризик на лица кои можат полесно да заболат од вирусот.

Сенатот треба брзо да ги одобри мерките и да го прати на потпишување во Белата куќа.

На прес конференција претходно, претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека тој ќе „потроши толку колку што е потребно за борба со епидемијата“.