Свет 05. мај 2020. / 10:41

САД очекуваат над 130.000 смртни случаи од Ковид-19 до крајот на август

САД очекуваат над 130.000 смртни случаи од Ковид-19 до крајот на август

Според новите проценки, скоро 135.000 луѓе може да умрат од новиот коронавирус во САД до почетокот на август, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на информации од  Институтот за здравствени истражувања и проценки на Универзитетот во Вашингтон.

Тоа би значело скоро двојно повеќе смртни случаи од претходните проекции кои датираат од средината на минатиот месец.

Новата прогноза се одразува на очекуваното омекнување на мерките за социјална оддалеченост во 31 од 50 држави на САД. Во неделата Трамп посочи дека скоро 100.000 Американци може да умрат од новиот коронавирус – повеќе отколку што се очекуваше претходно.

Во САД, за последното деноноќие беа регистрирани најмалку починати од коронавирусот  за еден месец годинава – само 1015.  Вкупниот број на смртни случаи се доближи до 69 000. Потврдени заразени се 1 180 000. САД се рангираат на првото место во светот според мрачната статистика на заразени и починати.