Свет 29. мај 2020. / 09:33

САД нудат три милиони долари за апсење на Пи-арот на Исламската Држава

САД нудат три милиони долари за апсење на Пи-арот на Исламската Држава

Американскиот Стејт департмент распиша награда од три милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на Јорданецот Мухамад Хадор Муса Рамадан, познат како Абу Бакр ал-Гариб.

Во потерницата се вели дека Ал Гариб е еден од лидерите на терористичката организација „Исламска држава“ и нејзин главен човек за пропаганда.

Како што се истакнува во потерницата, Мухамад Рамадан раководи со медиумските операции на ИД и игра „клучна улога во пропагандните активности на ИД за радикализација, врбување и поттикнување на одредени лица низ целиот свет“.

Тој раководи со планирање, координација и производство на многубројни пропагандни видеo сoдржини, објави и онлајн платформи каде со брутални и сурови сцени на измачување и масовни егезекуција на невини цивили – се вели во соопштението на Стејт департментот.