Американците се подготвени да платат многу пари за да ги идентификуваат и лоцираат луѓето поврзани со странски влади и разузнавачки служби кои сакаат да влијаат врз изборниот процес преку нелегални сајбер-активности.
Последните избори за прв човек на САД ги одбележаа, меѓу другото, лажни вести и вмешаност на странски земји и хакери во изборната кампања. Американските разузнавачки служби сакаат да спречат вакво нешто повторно да се случи на претстојните претседателски избори, кои ќе се одржат во нестабилен и тежок период за Америка која има голем проблеми поради коронавирусот, но и бројни, честопати насилни протести за расна еднаквост.
Во борбата против хакерите и криминалците или разузнавачките служби од други земји, државниот секретаријат на САД бара помош и информации за луѓе кои би можеле да се мешаат на претседателските избори и се подготвени да платат добро за таа помош. Тие најавија награда до 10 милиони американски долари за информации што ќе помогнат да се идентификуваат или лоцираат лица поврзани со странски влади со цел да се мешаат во изборниот процес преку нелегални сајбер-активности.
Таквите активности веќе се евидентирани во текот на годината – американските разузнавачки служби во февруари објавија дека Русите биле вклучени во изборната кампања, на страната на сегашниот претседател Трамп. Тие, исто така, наводно, се вклучиле во активности на Демократската партија во кои се залагаат за Берни Сандерс.
Покрај тоа, голем изборен предизвик ќе биде коронавирусот – до моментот на изборите, бројот на заразени би можел да надмине пет милиони, а бројот на зпочинати може да се приближи или да надмине дури 200 илјади.
Одржувањето на изборите во таква ситуација носи страв од нови инфекции и ширење на вирусот, поради што во некои сојузни држави гласањето би можело да се спроведе по пошта. На Трамп не му се допаѓа идејата, бидејќи се сомнева дека гласањето по пошта би овозможило измама и резултатите од ваквите избори би можеле да бидат неточни.
Негов предлог е да се откажат изборите додека не се смири ситуацијата и додека граѓаните не можат да гласаат безбедно на гласачкото место. Во моментов, никој не знае кога тоа би можело да биде, а ситуацијата со коронавирусот би можела да се одолговлекува со години, што значи дека Трамп би можел да остане на позицијата претседател многу подолго од законскиот рок.