Свет 23. јуни 2020. / 10:12

САД нема да издаваат зелени карти до крајот на годинава

САД нема да издаваат зелени карти до крајот на годинава

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи забраната за издавање зелени карти до крајот на годинава.

Истовремено, се продолжува забраната за издавање на низа категории работни визи, вклучувајќи ги и оние што се користат од технолошките компании и мултинационални корпорации.

Целта на забраната е ослободување на работни места во економијата погодена од корона вирусот. Според проценките на администрацијата, мерката ќе обезбеди малку повеќе од 525.000 работни места.

Забраната најмногу ќе се одрази на квалификуваните работници, кои обично ги ангажираат големите технолошки компании од Силиконската долина.

Согласно одлуката, нема да се издаваат документи и за незедмјоделски сезонски работници, потоа визи за размена на студенти, како и за менаџерски позиции.

Одлуката нема да се однесува на луѓето, кои веќе престојуваат во САД.