Aмериканскиот претседател Доналд Трамп, најави дека патниците од некои земји од Европа наскоро ќе можат да патуваат во Соединетите Американски држави.
Трамп соопшти дека САД планираат да се „отворат“ за патниците кои доаѓаат од земји со низок ризик во Европа и други региони од светот.
Тоа значи дека многу Европејци наскоро ќе можат да планираат одмор во САД или службени патувања, објави магазинот „Форбс“.
Патниците од сите 26 земји на ЕУ, како и од Велика Британија и Ирска, не можат да патуваат во Соединетите држави од 13 март. Тоа важи не само граѓаните од овие земји, туку и за сите други што се најдоа таму.
Сепак, Трамп најави дека ограничувањата наметнати за патниците од Европа може наскоро да бидат укинати.
Американскиот претседател посочи дека тоа може да се однесува на земјите каде ризикот од заболување од Ковид-19 е на ниско ниво.
Каде тие ќе почнат да напредуваат, ние ќе се отвориме. Но, само таму каде што напредуваат … Тие остваруваат добар напредок, исто како и ние – рече Трамп.