САД се најголемото жариште на корона вирусот во светот и според трендот на ширење на вирусот така ќе биде и во следниот период.
Брзината на заразата е толкава што Американците за кратко време избија на првото место според бројот на заразени, но епидемијата не покажува знаци на запирање. Така, САД веќе, не само што се земја со најголем број случаи на позитивни на Ковид-19, туку имаат повеќе заразени од слените три земји на оваа неславна ранг-листа.
Според најновите податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс, од каде постојано во реално време ги следат сите промени на бројките на пандемијата во светот, во САД се регистрирани вкупно 432.438 позитивни на корона вирусот.
Тоа е далеку повеќе од Шпанија, која е на второ место со 152.446 заразени, по шпто следуваат Италија со 139.422 и Германија со 113.296 позитивни. Тоа значи дека во овие три држави заедно има вкупно 405.164 позитивни на корона вирусот, што е за дури 27.274 помалку отколку во САД.
Тоа што, барем засега, може да ги теши Американците е тоа што бројката на починати не го следи трендот на вкупниот број на заразени. Така, САД се уште се на третото место според бројот на смртни случаи од корона вирусот со 14.808 починати.
Пред нив се наоѓаат Италија со 17.669 и Шпанија 15.238 жртви на пандемијата.