Свет 13. март 2021. / 09:14

САД на црна листа ставија пет кинески компании

САД на црна листа ставија пет кинески компании

Американската Федерална комисија за комуникации идентивикуваше пет кинески компании како закана за националната безбедност според законот од 2019 година.

Целта на тој закон е да ги заштити американските комуникациски мрежи.

Комисијата соопшти дека станува збор за Huawei, ZTE Corp., Hytera Communications Corp., Hangzhou Hikvision Digital Technology и Dahua Technology, објави Ројтерс.

Според Законот од 2019 година, од Комисијата се бара да ги идентификува компаниите што произведуваат телекомуникациска опрема и услуги кои се, како што е наведено, „решени да претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност на САД“.

Во август 2020 година, американската влада усвои прописи со кои се забранува федералните агенции да купуваат стоки или услуги од тие пет кинески компании, а од 2019 година, тие беа ставени на економската „црна листа“ на САД.

Минатата година, Комисијата ги прогласи Huawei и ZTE за закана за националната безбедност на комуникациските мрежи, со што им забрани на американските компании да користат државен фонд од 8,3 милијарди долари за набавка на опрема од тие компании.

Huawei ја оспори одлуката пред суд во февруари, а компанијата одби да ја коментира најновата одлука на Комисијата на САД.

Во декември минатата година, Комисијата усвои регулатива со која се бараат телекомуникациските оператори кои имаат опрема од ZTE или Huawei да ја заменат, а 1,9 милијарди долари се одобрени за таа намена.