Трговијата со оружје во светот пораснала од 2014 до 2019 година за 5,5 отсто во однос на периодот од 2010 до 2014 година, објави денеска Стокхолмскиот меѓународен мировен истражувачки институт (СИПРИ).
Во посочениот период, САД и Франција значително ја зголемиле продажбата на оружје, додека Саудиска Арабија се зацврстила на позицијата на најголем увозник на оружје во светот.
Според податоците на СИПРИ, најголеми извозници на оружје и борбени системи во изминатиот петгодишен период виле САД, Русија, Франција, Германија и Кина.
Новите податоци покажуваат зголемување на продажбата на оружје на земјите од Блискиот исток, при што најголем увозник била Саудиска Арабија. Следуваат и Индија, египет, Австралија и Кина. Уделот на овие пет земји во светското купување на оружје изнесува 36 отсто.
Во табелата на најголеми извозници на оружје, меѓу првите десет се наоѓаат и уште Велика Британија, Шпанија, Израел, Италија и Јужна Кореја.
Извозот во САД пораснал од 2014 до 2019 година за 23 отсто, со што уделот на Вашингтон во глобалната трговија скокнал од 31 на 36 отсто. Истовремено извозот на Русија, вториот по големина светски извозник на оружје, паднал за 18 отсто.
Одредиштето на поголемите пратки на оружје од САД било во вкупно 96 земји ширум светот.
– Половината од извозот на оружје од САД во изминатите пет години заминало на Блискиот исток, а половината од тоа во Саудиска Арабија. Истовремено, порасната е и побарувачката на напредните американски борбени авиони, посебно во Европа, Австралија, Јапонија и тајван, изјави високиот соработник во СИПРИ, Питер Веземан.
Меѓу петте земји кои најмногу извезле оружје, со раст од 72 отсто, забележила и Франција. Германија на табелата се наоша на четврто место со зголемување на извозот за 17 отсто.
Вкупниот удел на земјите од ЕУ во глобалната трговија со оружје од 2014 до 2019 година изнесува 26 отсто, а Франција, Германија, Велика Британија, Шпанија и Италија имале заедно идел од 23 отсто во глобалната продажба на оружје.