Свет 03. јули 2020. / 17:11

САД ќе запленува ирански танкери што се движат кон Венецуела

САД ќе запленува ирански танкери што се движат кон Венецуела

Американското обвинителство поднесе барање да се заплени нафтата која со четири ирански танкери се транспортира кон Венецуела, е најновиот обид на администрацијата на Трамп да изврши економски притисок врз двете непријателски држави.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро се пофали дека иранска нафта тргнала кон Венецуела минатиот месец, сакајќи да покаже дека не го загрижува притисокот од САД.

Недостигот на нафта во Венецуела, која и самата е произвводител и членка на ОПЕК, е производ на американсите санкции, пренесува Ројтерс.

Сепак, Мадуро ги издржа сите притисоци и се уште е на власт, што претставува извор на фрустрација за Трамп, дознава Ројтерс од анонимни, добро упатени извори во Вашингтон.

Иран на почетокот на јуни објави дека ќе продолжи со испорака на гориво во Венецуела ако Каракас има потреба од тоа и покрај критиките од САД заради тргувањето на двете држави, кои се под американски санкции.

Иран го користи своето право на слободна трговија со Венецуела и подготвени сме да испратиме уште бродови доколку Каракас побара уште, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Абас Моусави.

Во намера да ги спречи новите пратки иранска нафта до Венецуела, Вашингтон го следи целиот тек на доставата. Ги предупреди државите, пристаништата, шпедитерите и осигурителните компании дека им се закануваат мерки доколку помагаат на иранските танкери.

Неодамна САД го засили своето воено присуство во Карпиското море, а тоа е објаснето со зајакнување на операциите против транзитот на наркотици.

И покрај заканите, Иран испрати флота од пет танкери гориво во Венецуела, која има тежок проблем со недостаток на гориво.