Врховниот суд на САД донесе одлука, за првпат по 17 години повторно да може да се извршуваат смртни казни над федерални затвореници.
Со тоа е поништена забраната со која се овозможуваше правна жалба на изречените пресуди.
Владата го изнесе стручното сведочење во кое се укажува дека до едема (насобрана течност) во белите дробови доаѓа по смртта на затвореникот или кога не чувствува ништо. Со ова се поништува првичната забрана кој го донесе Окружниот суд и егзекуциите може да продолжат – се наведува во соопштението од судот, пренесува БиБиСи.
Неколку егзекуции се одложени откако вчера судот соопшти дека има нерешени правни жалби против министерството за правосудство. Меѓу осудените на смрт е и тројниот убиец Данилеј Луис Ли кој требаше да биде погубен вчера.
Осудените на смрт тврдат дека смртоносните инекции претставуваат „сурова и невообичаена казна“.