Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност Џон Болтон изјави дека САД ќе го намалат финансирањето на службата на високиот комесар на ОН за човекови права.
Со тоа, Канцеларијата на високиот комесар губи еден од главните донатори. САД се најголемиот самостоен донатор на ОН, обезбедувајќи 22 проценти од буџетот на организацијата.
Болтон денеска изјави дека американски претставници ќе пресметаат колку од годишниот буџет на САД оди за Канцеларијата на високиот комесар за човекови права и за Советот за човекови права, по што за таа сума ќе го намалат финансирањето.