Свет 15. March 2019. / 16:00

САД ќе ги повлечат визите за персоналот на Меѓународниот кривичен суд

САД ќе ги повлечат визите за персоналот на Меѓународниот кривичен суд

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека САД ќе ги повлечат или ќе одбијат да издадат визи за персоналот на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој се обидува да истражи наводни злоставувања извршени од американските сили во Авганистан.

Тој не ги објави имињата на поединците од судот со седиште во Ден Хаг, чии визи ќе бидат повлечени, објаснувајќи го тоа со заштита на приватноста.

Сепак, американскиот секретар оцени дека истрагата на МКС го крши американското владеење на правото.