Свет

САД ќе ги им ги врати сите деца на семејствата на мигрантите

САД ќе ги им ги врати сите деца на семејствата на мигрантите

До крајот на денов , сите деца мигранти помали од пет години, кои беа одвоени одд своите семејства на американско – мексиканската граница, ќе им бидат вратени на своите родители.

Американскиот сојуз за граѓански слободи , кој ја тужеше владата за политиката на одвојување деца од мигрантските семејства не верува во ветувањата од Вашингтон. Според адвокатот на сојузот , Ли Џелент, вели дека изјавата е целосно неодредена и оти според судот во Сан Диего рокот бил до вторник , а сега е веќе пробиен. Сепак , сите деца нема да бидат вратени во семејствата поради тоа што родителите биле депортирани , имаат криминално досие или од слични причини.

Судијата од Сан Диего , Дана Сабрав нареди сите помлади деца од пет години да им се вратат на семејствата до торник , а другите деца најдоцна до 26 јули.

Владата потврдува дека на американско – мексиканската граница има околу 2 000 деца одвоени од семејствата, поради политиката на Трамп за нулта толеранција за илегалната миграција.