САД, Европската унија и Јапонија најавија соработка во борбата против нефер трговските постапки на други големи држави.
При што првенствено се очекува соработката да биде насочена против Кина.
Тоа беше договорено на средба на трговскиот претставник на САД Роберт Лајтхајзер со европската комесарка за трговија Сесилија Малстром и јапонскиот министер за економија Хирошиге Секо.
– Повторно беше изразено нашето незадоволство и се потврди заедничката посветеност на борбата за фер трговски пракси и запирање на нелојалната конкуренција, соопштија тројцата претставници.