САД ја прекинуваат директната помош за Авганистан од над 160 милиони долари поради недостиг на конкретни правила на авганистанската Влада и поради неефективна борба со корупцијата, изјави денеска државниот секретар на САД, Мајк Помпео.
Одлуката е донесена на помалку од 10 денови пред претседателските избори во Авганистан и е удар за претседателот Ашраф Гани, кој се бори за реизбор на 28 септември.
– Сакаме финансиските средства што ги доставуваме до Авганистан да служат на интересите на сите граѓани на таа држава – изјави Помпео.
Тој ја осуди „неспособноста на Владата на транспарентен начин да ги искористи американските јавни средства“.