Свет 21. јануари 2020. / 15:02

САД ја предупредија Либија веднаш да ја обнови испораката на нафта

САД ја предупредија Либија веднаш да ја обнови испораката на нафта

Aмериканската aмбасада во Либија ја предупреди либиската национална нафтена корпорација (НОЦ) дека под итно треба да го обнови досегашниот режим на испорака на нафта.

– Длабоко сме загрижени од фактот дека намалувањето на испораките на нафта од Националната нафтена корпорација се заканува да ја продлабочи вонредната хуманитарна ситуација во Либија и да предизвика дополнителни неоправдани страдања на либиското население – напишаа на Твитер од американското дипломатско претставништво.


Во деновите на викендот либиската Национална нафтена корпорација информира за вонредната состојба во врска со запрениот извоз на нафта од пет клучни пристаништа на земјата. Од обајвената информација се заклучи дека таквата наредба ја дал командантот на Либиската национална армија, Калифа Хафтар.

Од корпорацијата забележуваат дека делумниот прекин на испораките на нафта ќе доведе до намалување на извозот за 800.000 барели дневно, што е реална загуба од 55 милиони долари.