Свет 23. април 2020. / 09:51

САД ја повикаа Кина да ги затвори своите тн. „влажни пазари“ на кои се продаваат диви животни

САД ја повикаа Кина да ги затвори своите тн. „влажни пазари“ на кои се продаваат диви животни

САД ја повикаа Кина да ги затвори своите тн. „влажни пазари“ на кои се продаваат диви животни. Австралија ги повика земјите од Г20 на сличен потег, додавајќи дека таквите пазари се ризик за земјоделската индустрија и човечкото здравје.

На таков пазар во Вухан, се смета, се појави и новиот коронавирус кон крајот на минатата година. Од таму се прошири низ светот, заpaзувајќи (до овој момент, според Worldometers) околу 2.640 милиони луѓе, yбивajќи над 184 илјади.

Со оглед на силната поврзаност меѓу нeлeгалната продажба на диви животни на влажните пазари и зоонозите (*болести на домашните и на дивите животни кои се пренесуваат на луѓето), САД ја повика Народна Република Кина трајно да ги затвори своите влажни пазари на диви животни и сите пазари кои продаваат илeгални диви животни“, информираше државниот секретар Мајк Помпео во соопштение во средата навечер.

Сличен повик упати и Австралија, која ги повика земјите од Г20 да ги затворат таквите пазари, што може да претставува нова причина за затегнати односи со Кина, откако официјална Канбера повика на меѓународна истрага за (потеклото на) пандемијата на коронавирусот.

Кина на 23 јануари стави привремена забрана на продажбата на диви животни, но трајна забрана сѐ уште не е донесена.

Австралискиот министер за земјоделство – Дејвид Литлпрауд, во четвртокот побара од владите на земјите од Г20 да поддржат план за трајно укинување на пазарите со диви животни.

Постојат ризици поврзани со влажните пазари и тие можат да бидат еднакво голем ризик и за нашите земјоделски индустрии и за јавното здравје, изјави Литлпрауд за австралиската „Channel 7“.

Влажните пазари се пазари на кои се продава свежо месо, риба, морски плодови, зеленчук и други производи, за разлика од „сувите пазари“ кои продаваат трајни стоки, како ткаенини и електроника. Меѓутоа, на дел од влажните пазари во Азија се продаваат и егзотични животни.

Литлпрауд не ја спомена конкретно Кина, но неговиот коментар следува откако Австралија побара меѓународна истрага за појавата на коронавирусот, поради што беше обвинета од страна на Кина дека добива и следи инструкции од САД.