Свет 08. јули 2020. / 09:44

САД ја напуштија СЗО

САД ја напуштија СЗО

САД ја напуштија Светската здравствена организација. Претседателот Доналд Трамп за ова и официјално го известил генералниот секретар на ООН, Антонио Гутиереш, соопшти Франс прес.

Трамп ја обвини СЗО дека со задоцнување ја објавила клучната информација и за пристрасност кон Кина, со што допринела за проширувањето на пандемијата од Ковид-19, која од март, па досега однесе над 130.000 животи на Американците. Пандемијата продолжува да се разгорува во 40 од 50-те американски држави.

Со напуштањето на САД, Светската здравствена организација го губи најголемиот свој финансисер. Во текот на минатата година Вашингтон на СЗО и даде 400 милиони долари, што изнесува 15% од буџетот на организацијата. Со американските средства се финансираа програми за ограничување на детската смртност, ХИВ, хепатитот, туберкулозата и други заболувања. Трамп го запре финансирањето уште во април.

Од друга страна, претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, изјави дека доколку победи на изборите, тој ќе ги врати САД во СЗО.