Свет 01. ноември 2019. / 17:15

САД ја намали помошта за Либан за 105 милиони долари

САД ја намали помошта за Либан за 105 милиони долари

Администрација на американскиот претседател Доналд Трамп ја намали помошта за безбедност за Либан за 105 милиони долари, изјавија двајца неименувани американски претставници.

– Стејт департментот вчера го извести Конгресот дека Канцеларијата за буџет на Белата куќа и Советот за национална безбедност одлучила да ја укинат странската воена помош.

Се уште не е позната причината зошто е намалена помошта за Либан, но одлуката доаѓа откако либанскиот премиер Сад ал Харири во вторникот поднесе оставка. .

Вашингтон повеќе пати изрази загриженост поради се поголемата улога што Хезболах ја има во либанската Влада. Хезболах е вооружена шиитска група која има поддршка од Иран, а во САД се наоѓа на црната листа.

Оставката на Харири доаѓа по големи демонстрации против Владата, а американскиот државен секретар Мајк Помпео ги повика либанските политичари да помогнат во формирање на нова влада, која ќе одговара на потребите на народот и побара ставање крај на корупцијата.