Гувернерот на Минесота, Тим Волц ја активирал Националната гарда поради насилните протести во Минеаполис предизвикани од насилната смрт на афроамериканецот Џорџ Флојд при апсење.
Протестите почнаа во средата, а гневните демонстранти ограбуваат продавници и уништуваат се пред нив.
Поради таквата ескалација на состојбата, гадоначалникот Џејкоб Фреј побарал од гувернерот Волц да испрати воени единици.
Гувернерот повика на мир, истакнувајќи дека насилството претставува „исклучително опасна ситуација“ и побара од луѓето да се разотидат.
Протестите избија по смртта на Џорџ Флојд, кој почина од задушување откако полицаец се обидел да го уапси и со коленото му го притискал вратот.
Канцеларијата на американскиот јавен обвинител и Федералното истражно биро (ФБИ) во Минеаполис соопштија дека спроведуваат кривична истрага за смртта на Флојд.