Свет 22. август 2019. / 19:11

САД и талибанците во Доха преговараат за ставање крај на војната во Авганистан

САД и талибанците во Доха преговараат за ставање крај на војната во Авганистан

САД и талибанците денес во Доха преговараат за окончување на војната во Авганистан.

Американскиот претставник Залман Халилзад денес во Катар имал состанок со главниот преговарач на талибанците, Мулах Абдул Гани Барадар.

Барадар е еден од основачите на талибанците и има можеби најголемо влијание кај членовите од бунтовничката група.

САД и талибанците пред една година покренаа директни преговори.

Вашингтон сака да го намали военото присуство во Авганистан каде што моментално има 14.000 американски војници.

Договор меѓу талибанците и САД не би овозможил крај на војната затоа што талибанските бунтовници треба да постигнат договор и со владата во Кабул.