Свет 23. ноември 2020. / 09:16

САД и официјално го нашуштија договорот за „Отвроено небо“

САД и официјално го нашуштија договорот за „Отвроено небо“

Соединетите држави официјално се повлекоа од договорот за отворено небо во неделата, шест месеци откако администрацијата на Трамп го објави тоа.

-На 22 мај, САД го искористија своето право да ги информираат потписниците на договорот и земјите учеснички за својата одлука да се повлечат од договорот, рече портпаролот на Стејт департментот.

„Отвореното небо“ овозможува да се следат воените движења и мерките за ограничување на оружјето на земјите потписнички.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Москва за кршење на договорот потпишан од 34 земји.

Неколку европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Белгија и Шпанија, изразија жалење за одлуката, иако тие ја споделуваат загриженоста на САД во врска со спроведувањето на договорот од Русија.

Соединетите држави официјално се повлекоа од договорот за отворено небо во неделата, шест месеци откако администрацијата на Трамп го објави тоа.

„На 22 мај, САД го искористија своето право да ги информираат потписниците на договорот и земјите учеснички за својата одлука да се повлечат од договорот“, рече портпаролот на Стејт департментот.

„Отвореното небо“ овозможува да се проверат воените движења и мерките за ограничување на оружјето на земјите потписнички.

Повлекувањето на Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Москва за кршење на договорот потпишан од 34 земји.

Неколку европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Белгија и Шпанија, изразија жалење за одлуката, иако тие ја споделуваат загриженоста на САД во врска со спроведувањето на договорот од Русија.

Русија ги отфрла обвинувањата на САД за кршење на договорот.

„Отвореното небо“ е еден од меѓународните договори од кои американскиот претседател одлучи да ги повлече Соединетите држави, по договорот за иранската нуклеарна програма, откажан во 2018 година и договорот за INF за ракетите со среден дострел, откажани во 2019 година.

Договорот за отворено небо беше потпишан во 1992 година, а неговата имплементација започна десет години подоцна.

Оттогаш, извршени се повеќе од 1.500 летови за набудување.

Договорот е потпишан од 35 земји и им овозможува да летаат над териториите на земјите потписнички за да ги проверат воените движења и мерките за контрола на оружјето.