Свет 17. ноември 2019. / 12:15

САД и Јужна Кореја одложија заеднички воени вежби за да и дадат шанса на дипломатијата со Северна Кореја

САД и Јужна Кореја одложија заеднички воени вежби за да и дадат шанса на дипломатијата со Северна Кореја

Јужна Кореја и САД се согласиле да ги одложат заедничките воздушни вежби заради поддршка на дипломатијата со Северна Кореја, а американскиот министер за одбрана Марк Еспер ја повика Северна Кореја на таа одлука да возврати со добра волја и да се врати на разговорите за денуклеаризација.

– По консултација и внимателно разгледување, министерот Јеонг (Kеонг До, министер за одбрана на Јужна Кореја) и јас решивме да ги одложиме комбинираните воздушни вежби закажани за овој месец – изјави Еспер на заедничката прес-конференција во Бангкок.

Вежбите требаше да се одржат кон крајот на ноември, на што Северна Кореја се спротистави и предупреди на шокантна казна што САД нема да можат да ја издржат доколку се одржат вежбите.

Еспер додаде дека одлуката за одложување на вежбите е знак на добра волја.