Еден ден откако САД ја обвинија Кина за кибер хакерски напади врз американски медицински институции, администрацијата на претседателот Трамп нареди итно затворање на кинескиот конзулат во Хјустон. Тоа е првиот кинески конзулат отворен во САД во 1979 година.
Повод за вкавата одлука на официјален Вашингтон е тоа што Белата куќа го обвини официјален Пекинг дека стои зад „информатичките пирати“ кои почнале глобална кампања против лаборатотии посветени на истражувањето вакцина против корона вирусот со цел да го украдат нивните истражувања. Веднаш по ваквите обвинувања, американските власти издадоа наредба до конзулатот во Хјустон да затвори за 72 часа.
По наредбата за иселување, кинеските дипломати почнаа да горат и да уништвуваат документи со сензибилна содржина, нешто што може да се забележи на бројни снимки на локалните медиуми кои прикажаа како излегува чад од зградата на конзулатот. Таквиот чад беше причина на местото да дојдат неколку противпожарни и полициски возила.
По ваквиот американски потег, одговор стигна од портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, кој предупреди дека ова е „ескалација без преседан“ на односите межу двете земји, што се наоѓаат во деликатна ситуација поради пандемијата на Ковид-19, состојбата во Хонг Конг и санкциите за „Хуавеј“.
Истовремено, Ванг најави дека неговата земја нема да седи со скрстени раце и дека соодветно ќе одговори на таквиот потег.
Кина бара од САД да ја повлечат оваа погрешна одлука. Доколку останат на неа, ќе преземеме потребни контрамерки – изјави Ванг.
Истата порака ја објави Хуа Чунјинг, директорката на одделот за инфомации во кинското министерство за надворешни работи.
The #US should revoke its erroneous decision. China will surely react with firm #countermeasures.
— Hua Chunying 华春莹 (@SpokespersonCHN) July 22, 2020
Една од најверојатните мерки што може да се очекуваат од Кина е затворање на некој од петте американски конзулати во земјата, коишто функционираат во Шангај, Гунагжу, Шенјанг, Ченгду и Вухан, епицентарот на пандемијата.