Свет 11. февруари 2020. / 13:12

САД градат нова база во Сирија

САД градат нова база во Сирија

Американската армија почна со изградба на нова база во североисточна Сирија, јавуваат локалните медиуми.

Американската воена база се наоѓа во градот Ал Хасака, еден од најголемите градови во североисточна Сирија.

Хасаки во најголем дел е контролиран од сириските Курди, но сириската влада и руските сили исто така имаат значително воено присуство во градот.

И додека Американците беа присутни во Ал Хасака, изградбата на оваа база веројатно беше дел од нивната стратегија за прегрупирање во североисточна Сирија – информира курдски командант.

Силите на САД контролираа поголем дел од територијата во источна Сирија до октомври, кога турските сили и нивните сојузнички милиции започнаа кампања против Сириските демократски сили (СДФ).

Според официјални претставници на САД, во областа и натаму се наоѓаат околу 500 американски војници кои ги штитат нафтените полиња и спречуваат повторно појавување на Исламска држава.