Свет 22. април 2020. / 10:36

САД го прекинуваат прифаќањето имигранти во период од 60 дена

САД го прекинуваат прифаќањето имигранти во период од 60 дена

САД го прекинуваат прифаќањето нови имигранти во државата во период од 60 дена. Објаснувањето за ова го даде претседателот Донал Трамп, според кого, по истекот на овој период мерката ќе биде повторно разгледана во согласност со економската ситуација.

Целта на одлуката е да се заштитат работните места на Американците во услови на светска пандемија од корона вирусот. Освен тоа, мерката, според Трамп, ќе помогне и за зачувување на медицинските ресурси од животно значење за американските граѓани.

Одлуката ќе се применува само спрема оние имигранти, кои бараат зелена карта, што им дозволува и постојано жителство во САД, но ќе има и некои исклучоци, соопштија од администрацијата на претседателот.