Свет 10. јануари 2020. / 23:00

САД го одбија предлогот на Ирак за повлекување на американските војници

САД го одбија предлогот на Ирак за повлекување на американските војници

САД соопштија дека нема да го разгледуваат прашањето за повлекување на своите војници од Ирак.

Ваквиот американски одговор доаѓа откако ирачкиот премиер пред два дена го замоли Вашингтон да испрати делегација за да се договорат условите за повлекувањето.

– Секоја делегација што ќе биде испратена во Ирак ќе биде посветена на разгледување на прашањето како најдобро повторно да се договори нашето стратегиско партнерство. Не да го разгледуваме повлекувањето на војниците, туку нашето правилно, актуелно разместување на силите во Блискиот исток – изјави портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортегас.