Свет 06. ноември 2019. / 09:58

САД ги зголемуваат безбедносните мерки пред изборите во 2020 година

САД ги зголемуваат безбедносните мерки пред изборите во 2020 година

Агенцијата за национална безбедност, ФБИ и пет други агенции објавија заедничко соопштение дека САД преземаат сериозни и опсежни мерки за заштита од странски влијанија на претстојните избори во 2020 година.

Во соопштението се наведува дека ќе има беспрекорно ниво на координација помеѓу сите 50 држави и териториите на САД за да се гарантира безбедноста на изборите.

– Нашите непријатели сакаат да ги поткопаат нашите демократски институции, да влијаат врз јавното мислење и врз владините политики – се вели во соопштението.

Во текстот се наведува дека Русија, Кина, Иран и други „злонамерни странски играчи“ ќе се обиделе да се мешаат во изборниот процес или да влијаат на мислењето на гласачите.