Американската администрација објави дека на американските авиокомпании од 10 декември ќе им забрани да летаат до сите дестинации во Куба освен Хавана, откако администрацијата на Трамп почна да го засилува притисокот врз кубанската влада. Ова е последен чекор да се намалат ефектите од напорите на бившиот претседател Барак Обама за подобрување на односите меѓу двете земји, пишува АП.
Министерството за транспорт на САД соопшти дека презема акција по барање на државниот секретар Мајк Помпео заради „понатамошната владина политика на зајакнување на економскиот притисок врз кубанскиот режим, поради неговата континуирана репресија врз кубанскиот народ и поддршката за Николас Мадуро во Венецуела“.
Со одлуката се забрануваат сите американски летови, освен кон Хавана, на кој било од деветте меѓународни аеродроми на Куба.