Повеќе од пет милиони средношколци во САД користат електронски цигари со полнење со ароми, покажуваат последните резултати на Националното истражување за употреба на цигари помеѓу млади лица.
Според одлуката на ФДА, произведувачите коишто во рок од 30 дена нема да престанат со производство и продажба на ароматизирани електрични цигари се положуваат на ризик од принудни постапки.
Новата одлука на Американската агенција за храна и лекови не се однесува на вистинскиот вкус на цигари или на ментол, а во објаснувањето се наведени податоците според кои „наклонетоста на младите кон е-цигарите со вкус на ментол и тутун е многу помала од онаа кон оние со вкус на овошје“.
Одлуката е донесена по долготраен процес на разгледување, кој го иницираше претседателот Трамп на 11ти Септември минатата година, и најави дека во САД ќе забрани повеќе илјади вкусови кои се користат во електронските цигари, како мерка во борбата против користењето на е-цигари помеѓу младите.
„Сметаме дека оваа одлука воспоставува рамнотежа помеѓу итното решавање на оваа опасност по човековото здравје која се однесува на е-цигарите меѓу младите и потенцијалната улога која тие ја имаат во помагањето на возрасните пушачи потполно да се откажат од цигарите и да преминат на потенцијално помалку ризичен облик на конзумиеање на никотин, изјави доктор Стивн Хан, комесар на ФДА.
Сите произведувачи на е-цигари мора да поднесат барања за одобрување на комерцијализација, без оглед дали веќе имаат пласирани производи на пазарот или не, во спротивно ризикуваат нивните производи да бидат повлечени од продажба.
Засега IQOS, уредот на компанијата Филип Морис, кој ја загрева но не ја согорува цигарата а со тоа не спаѓа во групата на електронски цигари, е единствена алтернатива кој оби согласност за производство и продажба.