Свет 07. јули 2020. / 11:01

САД ги укинуваат визите за странските онлајн студенти

САД ги укинуваат визите за странските онлајн студенти

Поради корона вирусот, САД повеќе нема да издаваат визи на странски студенти запишани на универзитетите, кои во новата учебна 2020 година планираат само онлајн следење на наставата, соопштија американските емиграциони власти.

Студентите кои веќе се наоѓаат на американска територија „треба да ја напуштат државата или да преземат други, како на пример, да се запишат и за редовно физичко следење на наставата за да го сочуваат легалниот статус“, се вели во соопштението на властите.

Од мерката се засегнати студенти со визите Ф1 (за академски курсови) или М1 (за професионална подготовка). За фискалната 2019 година, според податоците на американските емиграциони власти се издадени 388.839 визи Ф и 9.518 визи М.