Свет 26. септември 2018. / 13:27

САД ги повлекуваат своите против-авионски и ракетни батерии од Блискиот Исток

САД ги повлекуваат своите против-авионски и ракетни батерии од Блискиот Исток

Соединетите Американски Држави ги повлекуваат своите одредени против-авионски и ракетни батерии од Блискиот Исток, пишува „Ројтерс“, цитирајќи го „Волстрит журнал“.

Информациите кои излегоа во „Волстрит журнал“ според пишувањата се од неименувани американски воени претставници.

Пентагон ќе ги повлече ракетните системи од регионот следниот месец, се вели во извештајот објавен во тамошните медиуми.