Стејт департментот нареди дел од вработените на американската влада да ја напуштат Венецуела.
– Тој чекор го преземаме врз основа на нашите моментни проценки за безбедносната ситуација во Венецуела. Затворањето на амбасадата не е во план, пишува во соопштението на Стејт департментот.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги прекина дипломатските односи со сад и им даде на вработените во дипломатските претставништва рок од три денови за да ја напуштат државата.
Трамп во средата го призна опозицискиот претставник Хуан Гваидо за нов претседател на таа држава.
Меѓу САД и Венецуела се уште има комерцијални летови.