Свет 12. март 2020. / 19:45

САД ги одложи даночните плаќања и казните за лица и бизниси погодени од корона вирусот

САД ги одложи даночните плаќања и казните за лица и бизниси погодени од корона вирусот

Претседателот Доналд Трамп  му наложи на Министерството за финансии на САД да ги одложи даночните плаќања без камати или казни за лица и бизниси кои се погодени, нагласувајќи дека тоа ќе обезбеди повеќе од 200 милијарди американски долари дополнителна ликвидност за економијата.

Трамп исто така рече дека наредувал на Управата за мали бизниси да обезбеди капитал и ликвидност на фирмите погодени од коронавирусот преку обезбедување   заеми со ниски камати на малите бизниси во погодените држави и територии.

Претходно, Трамп потпиша предлог-закон за трошење за итни случаи од 8,3 милијарди американски долари за борба против ширењето на вирусот и развој на вакцина.

Федералните резерви на САД ги намалија каматните стапки за половина процентен поен во првиот потег на итни случаи од финансиската криза во 2008 година. Инвеститорите очекуваат поголеми намалувања во наредните недели.