САД ги обвинија Русија и Кина поради блокада на изјавата од Советот за безбедност на ОН за осуда на нападот на американската амбасада во Багдад.
Во изјавата треба да се истакне „неприкосновеноста на дипломатските и конзуларните територии“, по нападот на американската амбасада во Багдад на 31 декември 2019 година.
За изјави слични на оваа од Советот за безбедност, потребен е консензус со гласање на сите 15 членови на советот.
Како што истакна мисијата на САД во ОН, 27 земји го осудија нападот на амбасадата во Багдад и осудата е во спротивност на „молчењето на Советот за безбедност, поради тоа што две негови членки, Русија и Кина, не дозволуваат да се објави изјава“.