Ураганот „Флоренс“ ги зафати крајбрежјето на Јужна и Северна Каролина, носејќи силни ветришта и обилни дождови, јавуваат американските медиуми..
Морската вода веќе стигнала до куќите во Авон, град во Северна Каролина, а има и извештаи за материјална штета.


Околу 12.000 објекти, главно на брегот на Северна Каролина се без електрична енергија, а најтешко погоден е крајбрежниот град Њу Берн, каде има извештаи за граѓани отсечени во поплавени населби.

Надлежните предупредија дека без струја можат да останат помеѓу еден и три милиони домаќинства.