Свет 14. мај 2018. / 09:33

САД денеска официјално ќе ја преселат својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим

САД денеска официјално ќе ја преселат својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим

Соединетите американски држави денеска официјално ќе ја преселат својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Оваа одлука предизвика задоволство во Израел, но и бес кај Палестинците, некои американски сојузници и пошироката меѓународна заедница.

Делегација на Белата куќа и израелски официјални претставници ќе се соберат на церемонијата, додека во исто време се очекува голем број Палестинци да протестираат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја пофали „смелата одлука“ на американскиот претседател да ја премести Амбасадата во Еруасалим. Тој ова го изјави на церемонијата за пречек на американската делегација по повод денешната свеченост.

Пречекот беше во Министерството за надворешни работи, а во делегацијата се ќерката на Трамп, Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, двајцата советници во Белата куќа.

На вчерашната церемонија во МНР, не присуствуваа претставници на повече европски земји. Сепак, нетанјаху не пропушти да ги повика да о следат примерот на САД.

Тој рече дека Ерусалим со илјадници години бил престолнина на Евреите и дека во секој евентуален мировен договор тој ќ биде наведен како главен град на Израел.

Палестинците кои го сметаат Ерусалим за главен град на својата идна држава, ги прекинаа односите со Белата куќа, гневни од потегот на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп во почетокот на годинава соопшти дека САД го признаваат Ерсуалим за главен град на Израел. Тој на денешната церемонија ќе се обрати преку видео порака.

Денешната церемонија всушност ќе биде симболична, и амбасадата ќе биде преселена во привремен објект, додека не биде изградена новата зграда.